Украина ги повика партнерите да ја забрзаат воената помош
- Украина денеска ги повика своите партнери да ја забрзаат воената помош, велејќи дека побрзата испорака на клучната опрема на бојното поле е поважна од распоредувањето повеќе луѓе.

Киев, 28 ноември 2024 (МИА) – Украина денеска ги повика своите партнери да ја забрзаат воената помош, велејќи дека побрзата испорака на клучната опрема на бојното поле е поважна од распоредувањето повеќе луѓе.
„Сега сме во ситуација кога ни треба повеќе опрема за вооружување на сите луѓе кои се веќе мобилизирани и мислиме дека приоритет е побрзо да се испрати воена помош“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Хеорхи Тихиј.
Тој го изјави ова на прес-конференција во Киев, еден ден откако висок американски функционер изјави дека Украина не мобилизира доволно нови војници и го повика Киев да ја намали старосната граница за мобилизација од 25 на 18 години. Официјалниот претставник изјави дека Украина не обучила и мобилизирала доволно нови војници за борба против руските сили.
Тој посочи дека на Украина и се потребни сили за борба бидејќи Русите постојано напредуваат на истокот на Украина, како и ги потиснуваат украинските трупи во областа Курск во Русија. Официјалниот претставник изјави дека мобилизацијата во Украина и повеќе сили на фронтот би можеле да направат значителна промена на бојното поле во споредба со сегашната ситуација. паг/
Фото: МИА архива