• понеделник, 23 декември 2024

Украдениот свиток на Мао Це Тунг пронајден пресечен на половина

Украдениот свиток на Мао Це Тунг пронајден пресечен на половина
Хонг Конг, 8 октомври 2020 (МИА) - Украден калиграфски свиток, којшто му припаѓал на лидерот на Кинеската комунистичка партија - Мао Це Тунг, е пронајден во Хонг Конг. Артефакот е вреден милион долари, а бил најден пресечен на половина. Свитокот беше украден минатиот месец кога натрапници упаднале во куќата на колекционерот. Според полициските извештаи, тие потоа, со намера да го продаваат „по делови“, го пресекле на половина. Сопственикот вели дека тоа дефинитивно влијае на вредноста на уметничкото дело. Свитокот првично бил долг 2,8 метри. Инаку, на него се напишани песни од основачот на Народна Република Кина. си/ми/

Остани поврзан