• сабота, 23 ноември 2024

УКЛО-Битола промовира Центар за виртуелно инженерество и купола единствена на Балканот

УКЛО-Битола промовира Центар за виртуелно инженерество и купола единствена на Балканот

Битола, 27 февруари 2024 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска во Битола отвори Центар за виртуелно инженерство и промовира опрема вредна околу 100.000 евра, набавена со средства од ЕУ.

Опремата содржи повеќе компонентни, компјутери, дронови, софтвер, сензори и купола за виртуелна реалност, единствена на универзитетите во земјава и на Балканот, истакна Игор Неделковски, ректор на УКЛО-Битола.

-Денеска со одлука на Сенатот на Универзитетот основавме Центар за виртуелно инженерство кој ќе биде отворен за сите заинтересирани. Опремата е на Факултетот за информатички и комуникациски технологии каде што има најрелевантна употреба, а преку овој Центар, опремата ќе може да ја корстат сите универзитети, наставници и студенти, но и идните студенти од средните училишта. Ова место во иднина ќе биде камп за учениците од средните училишта за различни области од виртуелната реалност, истакна ректорот Неделковски.

На промотивниот настан во Битола, ректорот Неделковски посочи дека Центарот за виртуелно инженерество ќе може да го користат и студентите од Европската универзитетска алијанса „Колорс“.

-УКЛО од 1 јануари годинава е дел од ЕУА „Колорс“ со уште осум европски универзитети и со нив ќе нудиме заеднички наставни програми. Дел од наставата ќе се следи во Битола, а дел во странство. Веќе е потврдено доаѓањето на наставници и студенти од странство во Битола, а куполата за виртуелна реалност ќе биде дополнителен мотив студентите од странство да се одлучат да студираат ваква програма со далечинско студирање, појасни ректорот Неделковски.

Според деканот на ФИКТ, Благој Ристевски новата опрема ќе биде во функција на научната и апликативната дејност на факултетот.

-Виртуелната купола овозможува популаризација на техничките науки, инженерските науки и компјутерските науки затоа што наоѓа примена во сите области на образованието со што се приклучуваме на принципот отворена наука, нагласи деканот Ристевски.

Центарот за виртуелно инженерство ќе соработува со компании кои се занимаваат со информатички технологии, беше соопштено на промотивниот настан на битолскиот Универзитет. мт/сст/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан