УКЛО-Битола домаќин на „Климатон“ – новите технологии и климатските промени
- Над 50 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и ученици од средните училишта во битолскиот регион, поддржани од Општина Битола се натпреваруваат на третиот по ред хакатон, годинава насловен „Климатон“ – новите технологии и климатските промени.

Битола, 14 февруари 2025 (МИА) - Над 50 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и ученици од средните училишта во битолскиот регион, поддржани од Општина Битола се натпреваруваат на третиот по ред хакатон, годинава насловен „Климатон“ – новите технологии и климатските промени.
Учесниците имаат задача да понудат нови решенија за подобрување на состојбите предизвикани од климатските промени, истакна ректорот Игор Неделковси.
-Хакатон е иновативен настан посветен на климата, климатските промени, загадувањето на воздухот и затоа е наречен Климатон Настанот се одржува на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), место каде што се едуцира јадрото на ИТ-индустријата во овој регион. Со овие активности очекуваме да се понудат нови креативни решенија во поглед на подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот и климатските промени, посочи Неделкосвки.
Годинешниот Климатон е со натпреварувачки карактер, а најдобриот тим ќе биде награден со задача да ја доработи идејата до бизнис решение.
-Настанот посветен на младите всушност значи предизвик за изработка на предлози и иновативни решенија за значајна тема на глобално, светско ниво, а тоа се климатските промени и глобалното затоплување. Во таа смисла значајно е што уште на оваа млада возраст има иницијативи за подобрување на животната средина, справување со загадувањето и верувам дека со оваа иницијатива на темата зелена транзиција и енергетска транизиција која што е директно поврзана со климатските промени, а на тој план е активна и Општина Битола ќе има нови конкретни решенија. Можеби е флоскула, но во младите е иднината и мило ми е што младите се вклучени во овој процес бидејќи тоа е нова енергија значајна за иднина, изјави Борче Димитровски, секретар на Општина Битола. Тој потсети на реализираните општински проекти меѓу кои е проектот „Сончеви училишта“ со кој, како што рече, придонесуваме за намалување на загадувањето на воздухот и зачувување на животната средина.
За време на натпреварувачкиот Климатон, за уесниците ќе бидат приредени и предавања, илустрации на реални бизниси, менторска поддршка и дизајнирање на бизнис модел, посочија организаторите на годинешниот хакатон на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. мт/мд/
Фото: МИА