• сабота, 21 декември 2024

Укинати одлуките за задолжителни сертификати, потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата

Укинати одлуките за задолжителни сертификати, потврди за имунизација или прележаност од КОВИД-19 при влез во земјата
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред влезот во Северна Македонија или негативен брз антиген тест направен 48 часа пред влезот во земјата.
Како што информира владината прес-служба, на денешната седница Владата донела и одлука да биде укината и мерката домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди. сст/дма/

Остани поврзан