• среда, 25 декември 2024

Укината забраната за тешки возила на превојот Стража

Укината забраната за тешки возила на превојот Стража
Скопје, 24 јануари 2022 (МИА) - Забраната за тешки моторни возила на патниот правец Кичево - Гостивар на превој „Стража" денеска од 08:40 часот е укината, информираат од АМСМ. Забраната за тешки товарни возила на патниот правец беше воведена утрово во 07:00 часот поради обилни врнежи од снег. Забрана за сообраќај на камиони е воведена и на патниот правец Маврово - Дебар, информира АМСМ. аа/дма/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан