• среда, 27 ноември 2024

Укината забраната за сообраќај на товарни возила на патот Прилеп-Кавадарци преку Плетвар

Укината забраната за сообраќај на товарни возила на патот Прилеп-Кавадарци преку Плетвар
Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Од 10:30 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, информираат од АМСМ. Претходно, од 09:10 часот беше укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓаватo, а од 09:30 часот и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. свс/дма/

Остани поврзан