• вторник, 24 декември 2024

Укината забраната за движење во шума и шумско земјиште

Укината забраната за движење во шума и шумско земјиште
Скопје, 26 август 2021 (МИА) – ЈП Национални шуми известува дека од денеска се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште и апелира до сите граѓани да се однесуваат одговорно кога се движат во шумите, поради нивна лична заштита и заштита на шумите, како и зачувување на животната средина. - Поради процената дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, ЈП Национални шуми – Скопје вчера поднесе барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со кое побара согласност за укинување на делумната и целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште, од каде што доби позитивно мислење, информираат од ЈП Национални шуми. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, донесена на 25 јуни годинава и на целосната забрана, усвоена на 3 август. ир/нд

Остани поврзан