• вторник, 24 декември 2024

УЕФА собра над 1.2 милиони евра од казни за фрлање пивски чаши на ЕВРо2024

УЕФА собра над 1.2 милиони евра од казни за фрлање пивски чаши на ЕВРо2024

 

Нион, 5 јули 2024 (МИА) – Фрлањето пластични чаши за пиво на терените за време на ЕВРО2024 стана редовна појава поради која националните асоцијации плаќаат високи казни на УЕФА.

За време на групната фаза на натпреварувањето, УЕФА изрече казни во вкупна вредност од над 1,2 милиони евра, од кои 719.375 евра биле изречени поради фрлање предмети од трибините.

Според статистиката на УЕФА, од 36 натпревари во групната фаза на Европското првенство во Германија, навивачите фрлале пластични чаши за пиво на теренот на 25 натпревари.

На седум од тие 25 натпревари, навивачите на двата тима биле одговорни за фрлање предмети, а 19 од 24 екипи се санкционирани.

На прво место според висината на изречените казни е Хрватска, која ќе треба да плати казна од 220.000 евра. На второ место е Албанија со 171.000 евра, а на трето Србија со вкупна казна од 166.000 евра.

Казни не им се изречени на само три репрезентации – Франција, Шпанија и Словачка. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан