• сабота, 23 ноември 2024

УЕФА пријавила 290 случаи на онлајн злоупотреба за време на групната фаза од ЕВРО 2022

УЕФА пријавила 290 случаи на онлајн злоупотреба за време на групната фаза од ЕВРО 2022
Нион, 20 јули 2022 (МИА) - УЕФА пријавила 290 случаи на онлајн злоупотреба на социјалните медиуми за време на групната фаза на Европското првенство за жени 2022. На почетокот на ЕВРО 2022, организацијата на европскиот фудбал започна проект за следење, известување и превенирање на случаите на онлајн злоупотреба. Како што информираат од УЕФА, поголемиот дел од пријавените постови биле насочени кон натпреварувањето (39 отсто), додека 19 проценти се однесувале на индивидуални играчи, 20 отсто на тимовите, а 17 проценти од навредите се фокусирале на тренерите. Извештајот, исто така, покажал дека 70 отсто од постовите вклучуваат генерализирана злоупотреба, со 20 отсто посветени на сексизмот. Расистичката злоупотреба сочинувале шест проценти од постовите, а 4 отсто од објавите имале хомофобична содржина. Мишел Ува, директорот за фудбал и општествена одговорност при УЕФА рече дека е одлично да се види проектот во акција. - Јас сум задоволен што веќе можеме да го видиме конкретното влијание што ова го има врз основа на бројките од групната фаза. Постовите се идентификувани и отстранети, и се надеваме дека ова им дава на играчите, тренерите и судиите можност да бидат заштитени од страна на УЕФА, изјави Ува. Од УЕФА информираат дека од вкупно 290 навредливи постови, 55 отсто се отстранети од страна на социјалните медиуми. ар/сп/

Остани поврзан