• вторник, 24 декември 2024

УЕФА го суспендира Даку два натпревара

УЕФА го суспендира Даку два натпревара

Берлин, 23 јуни 2024 (МИА) – Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е дисквалификуван два натпревари на Евро 2024, објави сајтот на Албанската фудбалска федерација.

По натпреварот против хрватската репрезентација (2:2) во второто коло на групниот турнир на Евро 2024, Даку започна со навредливо скандирање (псовки) насочено кон Србите и Македонците. 

Дваесет и шестгодишниот напаѓач нема да игра против Шпанија во третото коло и ќе го пропушти 1/8-финалето на турнирот доколку Албанија успее да се пласира од групата.

Воедно, и клубот Рубин Казан за кој настапува Даку најави казна за својот фудбалер. зс/

Фото: Фејсбук Даку

Остани поврзан