УЕФА го промени терминот за натпревар Тиквеш – Бреидаблик
- Поради топлотниот бран на Балканот, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го промени терминот за премиерниот настап на Тиквеш во првото квалификациско коло од Конференциската лига.

Кавадарци, 9 јули 2024 (МИА) - Поради топлотниот бран на Балканот, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го промени терминот за премиерниот настап на Тиквеш во првото квалификациско коло од Конференциската лига.
Кавадаречки в четврток ќе се сретнат со Бреидаблик од Исланд.
- Се известува спортската јавност, УЕФА го презакажа терминот на натпреварот Тиквеш – Бреидаблик и истиот ќе се одигра на 11.07.2024 во 20:30 часот, поради високите температури – соопшти ФК Тиквеш.
Првично терминот за почетокот на мечот беше закажан за 17:30 часот.
Натпреварот ќе се во Скопје на националната арена „Тодор Проески“. зс/
Фото: ФК Тиквеш