• сабота, 23 ноември 2024

Уделот на БРИКС во глобалниот БДП порасна на рекордни 35,7 отсто

Уделот на БРИКС во глобалниот БДП порасна на рекордни 35,7 отсто

Вашингтон, 3 јули 2024 (МИА) - На крајот на 2023 година, учеството на земјите од БРИКС во глобалниот БДП по паритетот на куповната моќ се зголеми за 0,6 отсто и достигна рекордни 35,7 отсто, покажува анализата на податоците на Светска банка.

БРИКС е основан во 2006 година, а од таа година уделот на овој економски блок во економијата е зголемен за 10,2 отсто.

Спротивно на тоа, учеството на земјите од Групата седум (Г7) во глобалниот БДП падна за 0,4 отсто на 29 отсто на крајот на минатата година и сега е најниско во последните 30 години. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан