• четврток, 09 јануари 2025

Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто

Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6.1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0.6 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година, е забележан раст од 3.5 %.са/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан