Убедливо водство на Нова демократија на изборите во Грција со пребројани 38 отсто од гласовите
- Со пребројани 38,14 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, на парламентарните избори во Грција, Нова демократија е во убедливо водство пред СИРИЗА со над 20 отсто повеќе гласови, а во Парламентот место обезбедуваат пет партии, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 21 мај 2023 (МИА) – Со пребројани 38,14 отсто од гласовите, според официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, на парламентарните избори во Грција, Нова демократија е во убедливо водство пред СИРИЗА со над 20 отсто повеќе гласови, а во Парламентот место обезбедуваат пет партии, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно:
Нова демократија 41,09 отсто и 145 пратенички места
СИРИЗА 20,03 проценти и 71 пратеничко место
ПАСОК- Движење на промена 12,38 отсто - 44 пратенички места
Комунистичка партија на Грција 6,87 отсто- 24 пратенички места
Грчко решение 4,52 отсто и 16 пратенички места
Со изборните резултати и пропорционалниот модел, Нова демократија нема можност да формира еднопартиска Влада, па така, се очекува да се одржат втори избори на почетокот на јули.
Излезноста, според првичните официјални информации е 56,8 отсто. ср/рп/