• четврток, 30 јануари 2025

Убави, мазни и чисти завеси без пеглање

Убави, мазни и чисти завеси без пеглање

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) - Некои луѓе се љубители на завеси, а некои не ги сакаат... Но, се чини, сите се согласуваат околу една работа: Одржувањето на завесите чисти и мазни може да биде предизвик.

За убава и чиста завеса, без пеглање, велат познавачите, може да помогне и лак за коса. Како оди тоа? Пред сѐ, по перењето, завесата веднаш се закачува на прозорецот. Следно, се напрскува со малку лак за коса. И, овој едноставен „трик“ има неколку предности... Како прво, завесата самата ќе се истегне од својата тежина уште пред да се исуши, а тоа значи: Нема потреба од пеглање.

Откако ќе се исуши, може повторно да се испрска со малку лак за коса. Овој дополнителен слој ќе создаде заштита од прашина и штетни честички, покрај тоа што ќе ја направи завесата помазна.

Сепак, важно е да не се претерува со многу лак, бидејќи тоа може да има спротивен ефект и да ја оштети ткаенината. Со оваа едноставна вештина, завесата, не само што ќе изгледа уредно и убаво, туку и ќе остане чиста и заштитена подолго време.  си/

Фото: Фрипик

Остани поврзан