Убавите луѓе на социјалните мрежи не се дотолку реални
- Секој ден на Инстаграм се гледаат објави на кои момчињата и девојки изгледаат „совршено“. Ова може да ги натера „оние понормалните“ да се чувствуваат несигурно околу нашето тело.
Лос Анџелес, 17 јaнуари 2022 (МИА) - Фитнес-инструкторката Стефана Авара објави видео на Тик-ток во коешто покажува како изгледот на телото може да биде многу различен на социјалните мрежи.
Зад нас е периодот на празници во кој некои, веројатно, се здебелиле, што е сосем нормално... Но повторно, секој ден на Инстаграм се гледаат објави на кои девојките и момчињата изгледаат „совршено“. Тоа може да ги натера „оние понормалните“ да се чувствуваат несигурно околу нашето тело.
Затоа, во само неколку секунди, Авара покажа дека она што го гледаме на интернет-просторот во поголемиот број случаи не е реално. си/ми/
[embed]https://www.tiktok.com/@defining.fitness/video/7052505920005344518?is_copy_url=1&is_from_webapp=v1&refer=embed&referer_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2F&referer_video_id=7044338017745636654[/embed]