• вторник, 24 декември 2024

Уапсен украински заменик министер за енергетика додека примал поткуп од 500.000 долари

Уапсен украински заменик министер за енергетика додека примал поткуп од 500.000 долари

Киев, 12 август 2024 (МИА) – Еден од четворицата украински заменик министри за енергетика е приведен додека земал поткуп, соопштија украинските обвинители.

Британските медиуми ги пренесуваат обвинителите при соопштување на веста дека органите за спроведување на законот го привеле заменик министерот, заедно со други поединци, додека примал мито од 500.000 долари.

Во текот на истрагата е утврдено дека осомничените организирале шема за шверц на опрема за рударство на државно претпријатие за ископ на јаглен од воената зона во украинската област Доњецк, јави главниот обвинител на Украина.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан