• петок, 05 декември 2025

Уапсен осмиот бегалец од затворот во Њу Орлеанс, се трага по уште двајца

Уапсен осмиот бегалец од затворот во Њу Орлеанс, се трага по уште двајца

Њу Орлеанс, 27 мај 2025 (МИА) – Американските власти соопштија дека по повеќе од една недела потрага е уапсен и осмиот затвореник кој побегна од затворот во Њу Орлеанс. Сѐ уште се трага по уште двајца бегалци.

Генералната обвинителка на Луизијана, Лиз Марил, објави дека Лентон Ванбурен е приведен во Батон Руж и вратен во притвор.

Вкупно 10 затвореници побегнаа на 16 мај, откако се провлекле низ отвор зад тоалетот. Нивното исчезнување било забележано дури неколку часа подоцна, што предизвика голема потрага.

Според Еј-Би-Си њуз, седум лица се уапсени под сомнение дека им помагале на бегалците, меѓу кои и вработен во затворот обвинет дека ја исклучил водата во тоалетот. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан