• среда, 04 февруари 2026

Уапсено лице кое се обидело да ограби подружница за брзи кредити

Уапсено лице кое се обидело да ограби подружница за брзи кредити

Гостивар, 29 јануари 2026 (МИА)  – Жител на гостиварско Чегране вчера бил лишен од слобода под сомнение дека се обидел да изврши оружен грабеж во подружница за брзи кредити во Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека вчера во 10:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.Ш. (34) од селото Чегране.

- Тој е осомничен за обид за разбојништво истиот ден во 09:40 часот во финансиско друштво во Гостивар. Според пријавата на вработената, маскирано лице влегло во објектот и со закана со пиштол побарало пари, но по активирањето на паник-тастерот, се дал во бегство, изјави Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.

Осомничениот Ф.Ш. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.згм/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан