Уапсени 63 лица на протест во Грузија, повредени шестмина полицајци
- Најмалку 63 лица се уапсени на протестот против предлог-законот за „странски агенти“ во Тбилиси, а во судирите се повредени шест полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Тбилиси, 1 мај 2024 (МИА) - Најмалку 63 лица се уапсени синоќа на протест против предлог-законот за „странски агенти“ во Тбилиси, а во судирите се повредени шест полицајци, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.
Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби за да ги растераат демонстрантите пред Парламентот.
Агенциите јавија дека лидерот на најголемата опозициска партија Обединето национално движење, Леван Кахеишвили, бил претепан за време на протестот и добил лекарска помош. рп/
Фото: ЕПА