Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри
- Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, во таканареченото Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа од 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Хаг, 2 мај 2024 (МИА) - Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.
Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.
Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. рп/
Фото: МИА архива