• вторник, 14 јануари 2025

Уапсени повеќе од 70 членови на криминални групи во регионална полициска акција

Уапсени повеќе од 70 членови на криминални групи во регионална полициска акција

Белград, 18 април 2023 (МИА) - Повеќе од 600 припадници на Министерството за внатрешни работи на Р.Србија, во соработка со Безбедносно-информативната агенција (БИА) и Европол, како и со Обвинителството за организиран криминал, во денешната обемна регионална акција уапсија над 70 лица, меѓу кои и членови на две организирани криминални групи, јави дописникот на МИА од Белград.

Извршен е претрес на 80 локации при што припадниците на МВР одзеле поголема сума пари, десетици луксузни автомобили, поголема количина оружје и муниција, неколку килограми наркотици и злато, соопшти РТС.

Осомничените се товарат за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, недозволено производство, држење, носење и тргување со распрскувачки материи, тешка кражба, здружување за извршување на кривични дела и тешко убиство во обид. об/сд/

Остани поврзан