• сабота, 23 ноември 2024

„Уанвеб“ ги постави последните 36 сателити од првата група

„Уанвеб“ ги постави последните 36 сателити од првата група

Лондон, 27 март 2023 (МИА) - Британската сателитско-комуникацика компанија „Уанвеб“ (OneWeb) ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година.

Директорот на „Уанвеб“, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и покрај геополитичките проблеми. Тие сега имаат доволно сателити во Земјината Орбита за да се обезбеди интернет во 48 американски сојузни држави. 

Последната група сателити беше лансирана од индискиот остров Срихарикота, а полетувањето го изврши Индиската организација за вселенско истражување.

Следниот чекор на „Уанвеб“ се нови, пософистициран неколку стотици сателити коишто би можеле да чинат до 4 милијарди долари, а треба да бидат оперативни до 2028 година.  си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан