Тухел не избра ниту еден играч од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем за дуелите со Андора и Сенегал
- Селекторот на Англија, Томас Тухел, изненадувачки го вклучи напаѓачот на Ал-Ахли, Иван Тони, во националниот тим за квалификацискиот натпревар за Светското првенство со Андора и пријателскиот натпревар со Сенегал. Напаѓачот беше дел од репрезентацијата за ЕП 2024, но не е повикан откако го напушти Брентфорд за трансфер во Саудиска Арабија. Досега, тој има 22 гола на 29 натпревари за Ал-Ахли
Лондон, 23 мај 2025 (МИА) - Селекторот на Англија, Томас Тухел, изненадувачки го вклучи напаѓачот на Ал-Ахли, Иван Тони, во националниот тим за квалификацискиот натпревар за Светското првенство со Андора и пријателскиот натпревар со Сенегал. Напаѓачот беше дел од репрезентацијата за ЕП 2024, но не е повикан откако го напушти Брентфорд за трансфер во Саудиска Арабија. Досега, тој има 22 гола на 29 натпревари за Ал-Ахли.
Фил Фоден не е вклучен во составот, бидејќи самиот побара пауза за да се справи со своите физички и ментални проблеми.
Хари Мегваер и Лук Шо исто така не се повикани. Во проширениот состав нема играч од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити или Тотенхем.
Дефанзивецот на Челси, Трево Чалоба, го доби својот прв повик во репрезентацијата.
Групата од 26 играчи вклучува осум играчи кои ќе играат на Светското клупско првенство следниот месец.
На списокот се:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Џејмс Трафорд;
Дефанзивци: Трент Александар-Арнолд, Ден Бурн, Трево Чалоба, Леви Колвил, Рис Џејмс, Езри Конса, Мајлс Луис-Скели, Кајл Вокер;
Играчи за врска: Џуд Белингам, Конор Галагер, Морган Гибс-Вајт, Џордан Хендерсон, Куртис Џонс, Кол Палмер, Деклан Раис, Морган Роџерс;
Напаѓачи: Еберечи Езе, Антони Гордон, Хари Кејн, Нони Мадуеке, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс. дс
Фото: Архива