• среда, 12 март 2025

Туск: Украина и САД направија важен чекор кон мирот

Туск: Украина и САД направија важен чекор кон мирот

Брисел, 11 март 2025 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск денеска оцени дека е направен важен чекор кон мирот, откако Украина изрази подготвеност да го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот во воениот судир со Русија.

„Се чини дека Американците и Украинците направија значаен чекор кон мирот“, напиша Туск на Икс.

„А Европа е подготвена да помогне во постигнување праведен и траен мир“, додаде тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан