• сабота, 23 ноември 2024

Туск: Пјотр Серафин е кандидат на полската Влада за еврокомесар

Туск: Пјотр Серафин е кандидат на полската Влада за еврокомесар

Варшава, 13 август 2024 (МИА) - Полската влада го избра шефот на постојаното претставништво на Полска при ЕУ, Пјотр Серафин, за свој кандидат за еврокомесар, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

Туск рече дека Серафин најверојатно ќе ја добие функцијата европски комесар за буџет.

„Најверојатно (портфолиото) е во рацете на претседателката на Комисијата (Урсула фон дер Лајен), но се чини многу веројатно полскиот комесар да го добие клучниот ресор, а тоа би бил европскиот буџет“, рече Туск. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан