• понеделник, 16 декември 2024

Турција повикува на преговори меѓу владата и бунтовниците во Сирија, во момент кога се разгорува конфликтот

Турција повикува на преговори меѓу владата и бунтовниците во Сирија, во момент кога се разгорува конфликтот

Анкара, 2 декември 2024 (МИА) - Турција повика на преговори меѓу завојуваните страни по успешната офанзива на исламистичките бунтовници во Сирија, јави ДПА.

-Последните настани покажуваат дека сириската Влада мора да се договори со народот и опозициските сили, изјави шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, на прес-конференција во Анкара со неговиот ирански колега Абас Арагчи.

Турција има за цел, потенцира Фидан, сириските бегалци кои живеат во Турција да види како се враќаат во Сирија.

Министерот повика на оживување на таканаречените преговори од Астана, во кои учествуваат Русија, Иран и Турција.

Москва и Техеран го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад во војната, додека Анкара ја поддржува Сириската национална армија (СНА), бунтовничка алијанса која се состои од неколку фракции кои во неделата започнаа офанзива против курдската милиција ЈПГ во северна Сирија. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан