• вторник, 24 декември 2024

Турција одбележува осум години од неуспешниот обид за пуч

Турција одбележува осум години од неуспешниот обид за пуч

Истанбул, 15 јули 2024 (МИА) - Турција денеска го слави националниот празник, 15 јули, Ден на демократијата и националното единство.

Денеска се навршуваат осум години од спречениот обид за пуч организиран ноќта на 15 јули 2016 година од страна на организацијата ФЕТО на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, која е прогласена за терористичка група.

Во соопштението на Дирекцијата за комуникации до Претседателството се наведува дека овогодинешните комеморативни иницијативи ќе го истакнат епскиот отпор на турската нација, која се крена да ја брани својата независност и демократија и на тој начин го спречи извршувањето на подмолниот обид за државен удар.

Според официјалните податоци, ноќта на државниот удар пред осум години загинале околу 250 луѓе.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заедно со членовите на владата ќе го посети споменикот на мачениците 15 јули во Истанбул на мостот Босфор, кој по неуспешниот обид за пуч го доби името „Мост на мачениците на 15 јули“. Таму ќе се одржи меморијален митинг. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан