• среда, 25 декември 2024

Турција бара одобрување за мировните сили во Азербејџан

Турција бара одобрување за мировните сили во Азербејџан
Анкара, 16 ноември 2020 (МИА) - Турската Влада денеска достави предлог-закон до Парламентот со кој се бара одобрување за распоредување мировни сили за следење на договорот за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија. Турција е ангажирана во преговорите со Русија за улогата во следењето на прекинот на огнот, што заврши по шест недели интензивни борби меѓу Азербејџан и Ерменија за регионот Нагорно Карабах, јави Анадолија. Руските и турските министри за одбрана во средата потпишаа меморандум за формирање заеднички центар за надзор во Азербејџан. Со предлог-законот доставен до Парламентот се бара едногодишен мандат за испраќање турски мировници, во кој е договорено претседателот Реџеп Таип Ердоган да одреди колку војници ќе бидат испратени. За предлог-законот се очекува да се расправа во наредните денови. Предлог-законот исто така наведува дека цивилен персонал исто така може да биде распореден како дел од мировната мисија. паг/    

Остани поврзан