• четврток, 26 декември 2024

Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор
Атина, 14 јануари 2020 (МИА) - Турски воени авиони Ф-16, во три наврати во периодот меѓу 10,02 и 10,48 часот по локално време, без претходно да достават план за летање, го нарушиле грчкиот воздушен простор, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Турските воени авиони прелетале над островите Левита, Панаја и Инусес, а биле препознати и пресретнати од грчки воени авиони. Според АНА-МПА, островот Левита е дел од мрежата Натура 2000 и е еден од најважните грчки региони за заштита на птиците. ср/гт/

Остани поврзан