• понеделник, 16 декември 2024

Турнирот во Дубаи без Осака и Крејчикова

Турнирот во Дубаи без Осака и Крејчикова

 

Дубаи, 16 февруари 2024 (МИА) – Четирикратната грен – слем шампионка, Јапонката Наоми Осака и чешката тенисерка Барбора Крејчикова, го откажаа денеска настапот на турнирот во Дубаи.

Осака претходно оваа недела дојде до четвртфиналето во Доха, а ќе го пропушти турнирот во Дубаи за подобро да се подготви за претстојните два американски турнири во Индијан Велс и Мајами.

Крејчикова, пак, нема да се појави на турнирот во Дубаи поради повреда на грбот.

Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 3.211.715 доалри. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан