• среда, 27 ноември 2024

„Турбо-рок фестивал“ во Скопје

„Турбо-рок фестивал“ во Скопје

Скопје, 5 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот предводник на рок-составот „Забрањено пушење" и „Топ листа надреалиста" - Ненад Јанковиќ, познат под псевдонимот Неле Карајлиќ, во живо со својот бенд ќе го изведува најдоброто од „Забрањено пушење", како и нов материјал којшто, македонската публика досега го нема слушнато во живо, соопшти организаторот.

Настанот е наречен „Турбо-рок фестивал“.

Дури „40 години откако цркна Маршалот“... Во месец кога во Скопје и Македонија ќе има рекорден број „турбо“ концерти - во еден друг правец, „по глава на жител“, ние решивме да направиме еден различен тип на настан кој, сепак ќе биде турбо - но во овој случај, „турбо-рок!“, се вели во соопштението.

Покрај Неле, најавени се и концерти на „Ван Гог“ и „Ју-група“. Според извесувањето, сите три состави ќе имаат по 90-минутни, целовечерни настапи, на 14 декември во СЦ „Јане Сандански, со почеток точно во 20 часот. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (6 ноември) во 9 часот наутро. Ќе чинат од 700 до 1.000 денари.  си/са/

Фото: Авалон Букинг

Остани поврзан