• среда, 25 декември 2024

Тунис од ЕУ ќе добие помош вредна 100 милиони евра

Тунис од ЕУ ќе добие помош вредна 100 милиони евра
Тунис, 14 ноември 2022 (МИА) - Властите на Тунис соопштија дека државата од Европската Унија ќе добие 100 милиони евра помош за националниот буџет. „Парите ќе бидат искористени за ублажување на последиците од пандемијата од коронавирусот и за поддршка на економијата“, се наведува во соопштението на Министерството за економија и планирање на Тунис. Според некои медиуми, договорот треба да биде потпишан во текот на денешниот ден. Претходно месецов, државата постигна прелиминарен договор со Меѓународниот монетарен фонд за пакет помош од 1,9 милијарди долари, што може да биде финализиран во декември. бд/

Остани поврзан