• вторник, 24 декември 2024

Тунискиот суд осуди висок опозиционер на 10 години затвор

Тунискиот суд осуди висок опозиционер на 10 години затвор

Тунис, 19 октомври 2024 (МИА) - Тунискиот суд денеска го осуди истакнатиот член на опозициската партија Ан Нахда, Нуредин Бири, на 10 години затвор под обвинение дека ја загрозил националната безбедност и ги свртувал жителите на земјата еден против друг, изјави неговиот адвокат.

Адвокатот на Бири, Мониа Буали, рече дека судењето било „оцрнето со многу законски прекршувања поради коментарот на Фејсбук што му се припишува на клиентот, за кој техничките тестови докажале дека никогаш не постоел“.

Бири беше притворен 18 месеци заедно со другите противници на претседателот Каис Сајед, кој ја заостри контролата на власта и почна да владее со декрет во она што опозицијата го опиша како државен удар. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан