Тунберг приведена од полицијата во Лондон
- Еко активистката Грета Тунберг денеска беше приведена од полицијата во Лондон, откако зборуваше пред демонстрантите на протестите против нафтените и гасните компании во центарот на градот.

Лондон, 17 октомври 2023 (МИА) - Еко активистката Грета Тунберг денеска беше приведена од полицијата во Лондон, откако зборуваше пред демонстрантите на протестите против нафтените и гасните компании во центарот на градот.
Таа оваа година беше приведувана од полицијата или отстранета од протестите во Шведска, Норвешка и Германија.
Тунберг стана заштитно лице на младите активисти за климата ширум светот, откако организираше неделни протести пред шведскиот Парламент во 2018 година, паг/