• вторник, 26 ноември 2024

Тужба против Белгија поради непочитување на одредби од Договорот за слободно движење на работници

Тужба против Белгија поради непочитување на одредби од Договорот за слободно движење на работници

Брисел, 16 ноември 2023 (МИА) - Европската комисија денеска донесе одлука да ја тужи Белгија пред Судот за правдата на Европската Унија поради непочитување на одредбите од Договорот за слободно движење на работниците поврзани со оданочувањето на нерезидентите со скромни приходи, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Врз основа на претходна тужба на Еврокомисијата против Белгија, Судот на правдата на 10 март 2022 година утврди дека белгиските власти го прекршиле Договорот за слободно движење на работниците, со тоа што одбиле да ги ослободат од оданочување оние даночни обврзници-нерезиденти кои помалку од 75 проценти од својот вкупен приход го заработуваат во Белгија или пак немаат значителен приход во државата во која живеат. 

Како реакција на пресудата од 2022 година, Белгија го прошири опсег на даночно ослободување, но сепак, според ЕК, со тоа не прекина во целост да го прекршува Договорот. 

При скрининг за проверка на усогласеноста на законодавствата на земјите членки со регулативите на ЕУ, Еврокомисијата утврди дека Белгија ги крши одредбите од Договорот за слободно движење на работниците, за што упати формално извезување до белгиските власти во мај 2016 година. 

Оттогаш, според ЕК и покрај нејзиното укажување и судската пресуда, Белгија и натаму останува неусогласена со европската регулатива за ова прашање, како единствена меѓу членките на ЕУ. 

Откако последното формално известување испратено во јули 2023 за усогласување на белгиското законодавство со одредбите на вроди со плод, Еврокомисијата денеска одлучи одново да ја тужи Белгија пред Судот за правдата, со барање да и бидат изречени финансиски санкции за неуспехот да усвои национални законски прописи во согласност со законодавството на ЕУ. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан