• понеделник, 23 декември 2024

Трудо: Повеќе оружје и воена опрема ќе биде испратена во Украина

Трудо: Повеќе оружје и воена опрема ќе биде испратена во Украина
Киев, 8 мај 2022 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска, по ненајавената посета на Киев, истакна дека во Украина ќе биде испратено ново оружје и воена опрема. По разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трудо им рече на новинарите дека Канада, исто така, ќе воведе нови санкции за руски поединци и компании поради рускиот напад врз Украина. Тој додаде дека Канада повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев. гт/

Остани поврзан