Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар
- Три лица се повредени во сообраќајна незгода, што се случи вечерва околу 20 часот и 45 минути на автопатот Тетово - Гостивар, поради што до 21 часот и 10 минути движењето на возилата на овој

Тетово, 1 август 2022 (МИА) - Три лица се повредени во сообраќајна незгода, што се случи вечерва околу 20 часот и 45 минути на автопатот Тетово - Гостивар, поради што до 21 часот и 10 минути движењето на возилата на овој патен правец беше во прекин.
Сообраќајката се случила кај клучката за село Камењане во Општина Боговиње.
- Вечерва во 20 и 45 минути, во СВР - Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Гостивар - Тетово, во близина на клучката за тетовско Камењане, а во која учествувале две патнички моторни возила од кои едното со странски регистарски ознаки. Три лица, првично, се здобиле со повреди и пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи.
По сообраќајката започна да се врши увид, а сообраќајот се одвива забавено. ас/сп/
Фото: МИА архива