• петок, 22 ноември 2024

Тројца пакистански војници и осум милитанти убиени во напад на засолниште на бунтовниците

Тројца пакистански војници и осум милитанти убиени во напад на засолниште на бунтовниците

Пешавар, 30 октомври 2024 (МИА) – Тројца војници и осум милитанти беа убиени денеска кога пакистанските безбедносни сили нападнаа засолниште во поранешно упориште на бунтовниците во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, соопшти локалната полиција.

Се верува дека еден локален командант на милитантите е меѓу убиените во операцијата во Бану, изјави полицискиот претставник Захид Улах.

Армијата соопшти дека нејзините сили ќе нападнат други милитанти во областа „за да ја отстранат заканата од тероризам“.

Властите често спроведуваат такви операции против пакистанските талибанци, познати како Техрик-е-Талибан Пакистан или ТТП. Групата ги засили нападите во регионот откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година.

Владините сили исто така ги интензивираа операциите против сепаратистичките групи со седиште во немирната југозападна провинција Белуџистан. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан