• сабота, 23 ноември 2024

Тројца обвинети за убиство на Афроамериканец во САД

Тројца обвинети за убиство на Афроамериканец во САД
Вашингтон, 25 јуни 2020 (МИА) - Тројца мажи се обвинети за убиство на афроамериканецот Ахмауд Арбери во американската држава Џорџија. Обвинението за убиство против Тревис и Грегори Мекмихаел и Вилијам Роди Брајан вчера го потврди Големата порота. - Ова е уште еден чекор напред, чекор напред кон правдата за Ахмауд и неговото семејство, рече обвинителката Џојет Холмс откако беше потврдено обвинението. Ахмауд Арбери беше убиен на 23 февруари додека џогирал на улица. Притисокот на јавноста за решавање на случајот се засили по смртта на Џорџ Флојд, афроамериканецот кого го уби полицаец за време на апсење во Минеаполис. јт/

Остани поврзан