Тројца мртви по ненадејни поплави во Ново Мексико
- Смртоносни ненадејни поплави погодија уште една држава на југот на САД.
Вашингтон, 9 јули 2025 (МИА) - Смртоносни ненадејни поплави погодија уште една држава на југот на САД. Маж на возраст меѓу 40 и 50 години, четиригодишно девојче и седумгодишно момче починаа откако беа зафатени од брзите води, според властите во планинското село Руидосо во Ново Мексико.
Гувернерката на Ново Мексико, Мишел Лухан Гришам, прогласи вонредна состојба за погоденото подрачје со цел да се пристапи до тимови за итни случаи и федерално финансирање.
-Оваа криза бара итна акција, напиша таа на Фејсбук.
Во соседната држава Тексас, повеќе од 100 луѓе загинаа, вклучувајќи многу деца од летен камп, по ненадејните поплави на реката Гвадалупе. Повеќе од 160 сè уште се водат како исчезнати. мс/
фото: ЕПА архива