Тројца загинати, десет повредени по експлозија на цистерна во Сантијаго
- Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени откако камион што превезувал течен гас се урна и експлодираше во главниот град на Чиле, Сантијаго, соопштија локалните власти.
Сантијаго, 19 февруари 2026 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени откако камион што превезувал течен гас се урна и експлодираше во главниот град на Чиле, Сантијаго, соопштија локалните власти.
Началникот на локалната полиција, Виктор Виелма, им изјави на новинарите дека возачот на камионот ја изгубил контролата врз возилото и тоа се судрило со заштитна ограда, а причината сè уште е под истрага.
Седум помали возила беа вклучени во несреќата рано утрово во северниот дел на Сантијаго. мс/ми/
фото: Архива