• вторник, 10 март 2026

Тројца државјани на Албанија фатени во нелегален риболов во македонскиот дел на Охридското Езеро

Тројца државјани на Албанија фатени во нелегален риболов во македонскиот дел на Охридското Езеро

Охрид, 9 март 2026 (МИА) – Тројца државјани на Република Албанија се приведени поради вршење криволов на риба во македонските територијални води на Охридското Езеро.

Според соопштнието од СВР – Охрид, во периодот од 6 до 8 март во две одделни акциски контроли полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро од слобода ги лишиле лицата  Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија.

Приведените со пловни објекти илегално ја преминале македонско-албанската граница на езерото, и биле затекнати како во македонски територијални води вршат кривично дело „незаконит риболов“. Притоа по наредба на јавен обвинител им се запленети пловните објекти и рибарските мрежи со уловот.

По целосно документирање на случаите против тие лица се поднесени пријави по член 229 од Кривичниот законик - „незаконит риболов“ и по член 9 од Законот за гранична контрола - „илегално преминување на државната граница“. аб/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан