• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тројца возачи од Тетовско лишени од слобода за брзо возење

Тројца возачи од Тетовско лишени од слобода за брзо возење

Тетово, 16 јуни 2025 (МИА) - Три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената и по лишување од слобода ќе се соочат и до кривична одговорност по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило“.Според информацијата на СВР Тетово, најголемо надминување на брзината направил 45 годишник од Тетово, кој на место 80 километри на час, се движел со 180км/час.

-Во 17:40 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен Ш.Ф.(45) од Тетово. Полициски службеници констатирале дека управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 180 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час, информира СВР Тетово.

Во 17:50 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен И.С.(36) од с.Порој, тетовско, затоа што со сообраќајната контрола и преземените мерки било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Претходно во 10:19 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Боговиње, тетовско. При сообраќајна контрола надвор од населено место во Тетово, било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. ас/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан