• сабота, 23 ноември 2024

Тродневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње

Тродневна жалост во Црна Гора по трагедијата во Цетиње
Подгорица, 12 август 2022 (МИА) - Владата на Црна Гора вечерва ќе прогласи тридневна жалост за големата трагедија што денеска се случи во историската престолнина Цетиње. Ова, како што пренесува РТЦГ, го напиша црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ на својот канал на Телеграм. „Се случи трагедија каква што Црна Гора не памети. Ги повикувам сите граѓани на Црна Гора во мислите да бидат со семејствата на невините жртви, нивните роднини, пријатели и сите граѓани на престолнината Цетиње“, напиша Абазовиќ во претходна објава на Телеграм. Единаесет лица се убиени, меѓу кои и напаѓачот и шестмина се повредени во денешниот инцидент кој се случи околу 16 часот во Цетиње. ссм/

Остани поврзан