• среда, 25 декември 2024

Трките „Прв до врв“ во предвидениот термин на 16 мај

Трките „Прв до врв“ во предвидениот термин на 16 мај
Скопје, 28 април 2021 (МИА) – По вчерашното олеснување на здравствените мерки со кои се дозволуваат спортски активности на отворено, Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје соопшти дека на 16 мај на Водно ќе има трки во предвидените термини. - Трките на Водно ќе се реализираат со почитување на мерките за држење дистанца и носење маска. Наместо масовен, ќе се организира старт во бранови при што ќе се запази мерката за држење потребно растојание меѓу учесниците. Пред трката, за време на стартот и по минувањето на целта, натпреварувачите ќе носат маски. Освен прогласување на победниците, по трките не се предвидени дополнителни содржини, задржување и групирање на натпреварувачите. Максималниот број на учесници во трките е ограничен на 450 информира организаторот на трките. Пријавувањето за трките во планинско трчање, друмски и планински велосипедизам е во тек преку веб страницата на организаторот, www.prvdovrv.mk. зс/

Остани поврзан