Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
- Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани изминатото деноноќие на скопската територија.
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Три пријави за физички напади врз партнерки биле евидентирани изминатото деноноќие на скопската територија.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 4:40 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, 35-годишна жена пријавила дека околу 1:40 часот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С., 24-годишен скопјанец.
- Синоќа во 22 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР - Скопје го лишија од слобода Н.Ј., 52-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17 часот во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка, соопштија од МВР.
Претходно пак, во 17:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР - Скопје извршиле службен разговор со П.Л., 45-годишен скопјанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 48-годишна вонбрачна партнерка.
По целосно документирање на случаите, како што додадоа од МВР, ќе следат соодветни пријави. бд/сст/
Фото: МИА архива