• вторник, 19 ноември 2024

Три лица убиени во оружен напад во Филаделфија

Три лица убиени во оружен напад во Филаделфија

Филаделфија, 16 март 2024 (МИА) - Три лица се убиени денеска во оружен напад во станбена населба во предградието на Филаделфија, на истокот на САД, а осомничениот побегнал со украден автомобил, јавија локалните медиуми и полицијата.

Локалната полиција на Фејсбук потврди дека се случил „оружен напад“ и дека има неколку жртви.

Полицијата и гувернерот на американската сојузна држава Пенсилванија, Џош Шапиро, го повикаа населението во тоа северно предградие на Филаделфија да остане дома.

Како што јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, осомничениот, 26-годишен маж, кој патувал со украдено возило, убил две лица во близина на куќа во општината Левитаун, која се наоѓа северно од Филаделфија. Потоа убил трето лице во друга куќа. 

Осомничениот побегнал со друг украден автомобил. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан