• четврток, 26 декември 2024

Три лица загинаа во поплавите во областа Оренбург во Русија

Три лица загинаа во поплавите во областа Оренбург во Русија

Москва, 6 април 2024 (МИА) - Три лица загинаа во поплавите во градот Орск во областа Оренбург во Русија, соопштија градските власти.

Властите наведуваат дека во градот е во сила вонредна состојба и дека повеќе од 2.500 домаќинства во областа се поплавени.

Претходно прес-службата на гувернерот на регионот Оренбург соопшти дека во тој регион се евакуирани 4.208 лица, меѓу кои 1.019 деца, а 427 од нив, меѓу кои 132 деца, се во центри за привремено сместување. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан